Подобрувањето на инфраструктурата и развојот на индустријата во фокусот на општина Василево

Од:

Подобрувањето на инфраструкурата, развојот на индустријата и воопшто подобрувањето на животот на сите наши граѓани, беше приматот на општина Василево и во оваа 2016 година, во која реализиравме повеќе проекти, истакна градоначалникот на општина Васиелво, Ванчо Стојановна на денешна прес-конференција.

Според него, во пресрет на изготвувањето на Буџетот за следната година, општина Василево од својот, но и од Буџетот на Владата има инвестирано над милион евра, насочени за жителите на општината.

– Фокус во ова 2016 година дадовме на населеното место Сушево каде инвестираме околу 700 илјади евра. Само за потсетување во ова населено место пред две години се случија поплавите кои предизвикаа огромни штети а ние како локална самоуправа обезбедивме средства за реализација на повеќе проекти, рече Стојанов.

Таму, нагласи, во тек се работите за регулација на сушевскиот порој, се работи на улица која ќе биде со тротоари , канделабри и атмосферска канализација.

– Во Сушево се работи и на изградба на мост. Станува збор за проекти кои верувам дека до крајот на годината ќе се реализираат и ќе бидат во функција на жителите од ова населено место, посочи Стојанов.