Балони со натпис „Македонија во ЕУ и НАТО“ се делат на деца во градскиот парк во Скопје, каде настап ќе имаат групата „Архангел”, Кирил Џајковски и Kepurdhat.
Владата ја организираше оваа прослава по повод поканата која Македонија ја доби од НАТО.

По неколку дена од најавата за прославата, Владата се уште молчи за тоа колку пари се исплатени на изведувачите, како и колку пари се потрошени за целата манифестација која е организирана во 15 градови со 40 изведувачи.
Изминатите денови, дел од изведувачите реагираа бидејќи при потпишување на договорите им било кажано дека ќе настапат на културна манифеставија, за потоа, да им биде кажано дека ќе настапат на ваков тип манифестација. Повеќе од половина од изведувачите договорите ги потпишале пред месец и пол. Останатите пред повеќе од една недела.
Кристијан Ландов
