Почна пролетта

Од:

Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почна денеска во 5 часот и 30 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб претежно источен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 18 степени.

Пролетта ќе трае до 21 јуни во 00 часот и 35 минути кога календарски започнува летото.