(ВИДЕО) Почна лидерската средба

Од:

Лидерите на четирите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и БЕСА пристигнаа на лидерската средба за подготовка на референдумот, која се одржува во Клубот на пратениците.

Прв на средбата пристигна Али Ахмет од ДУИ, потоа премиерот на државата Зоран Заев, во друштво на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата присуствува со професорката Татјана Каракамишкова. Последен на средбата пристигна Билал Касами од БЕСА.

Средбата во овој формат се одржува по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа побара новата средба да биде со четворицата лидери на најголемите партии, а не во проширен состав.