Починатата жена во Велгошти убиена, обвинител нареди обдукција

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид доцна попладнево изврши увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена.

Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. Се трага по сторителот.