Почина Зоран Бајо Јанковиќ – урбана легенда на Скопје

Од:

Утрово почина Бајо, урбана легенда на Скопје, еден од основачите на култниот рок бар „Зи зи топ“.

Тој ќе остане запаметен како басист на рок составите „Психо“ и „Александар Македонски“, диџеј со дваесетина години стаж по скопските култни места, и основач на Зи зи топ заедно со неговата сопруга Вера Јанковиќ.

Нека почива во мир !