На Универзитетска Клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски” во Скопје претпладнево починала родилка, како резултат на комплицирана бременост. Како што информираат од специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, таа во текот на вчерашниот ден била примена кај нив, како високо ризична бременост во преекламптична состојба во 38ма гестациска недела од бременоста, со плод во карлична презентација, повеќе големи туморозни формаци на матката и две предходни породувања со царски рез.
-По приемот се превземени сите соодветни мерки за стабилизација на пациентката и следење на состојбата на плодот. Поради влошување на здравствената состојба на плодот и мајката се пристапи кон итно породување со трет царски рез, при што е родено живо новороденче. Непосредно по завршување на операцијата дојде до акутно влошување на општата здравствена состојба на родилката и дистабилизирање на виталните параметри-се вели во соопштението.
По иницијална интензивна ресусцитација, пациентката во исклучително тешка состојба со возило на брза помош е префрлена на Универзитетска Клиника по хируршки болести “Св.Наум Охридски” – Скопје каде што во претпладневните часови и покрај целосниот ангажман и дадена терапија по протокол екзитирала.
