Почина охридската спортска легенда Александар Леко Радич

Од:

Александар Леко Радич, легендата на охридското и македонското пливање почина денеска на 87. годишна возраст.

Покрај тоа што беше голем пливачки шампион и врвен тренер, Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон. Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада пливачки шампиони, меѓу кои посебно место заземаат Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Нико Нестор, Александар Маленко и многу други.

Во 2013 година Александар Леко Радич го доби највисокото општинско признание за животно дело-наградата „Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид“.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта во Охрид од 13 до 14 часот.