По кратко боледување на 13. септември, во 95-тата година од животот почина проф. д-р Десанка Миљовска, поранешен министер за култура, првоборец и професор по социологија на Филозофскиот факултет.
Проф. Миљовска беше еден од основачите на Катедрата по социологија, а предаваше и на Факултетот по новинарство, Филолошкиот факултет, како и на други научно- општествени институции. Како истакнат општествен работник, во периодот од 1971 до 1974 година беше и член на Владата на Социјалистичка Република Македонија, како министер за култура.
Посмртните останки на проф. Миљовска утре ќе видат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел од 12 часот, а погребот ќе се изврши во 13 часот.