Почина албанскиот амбасадор во Македонија

Од:

Почина Петрит Бушати, албанскиот амбасадор во Република Македонија.Т ој на оваа должност стапи на 29 мај годинава.

Покрај дипломатското искуство во албанските претставништва во Белград (2002-2006), Стокхолм (1988-1991) и Вашингтон (1997-2001), Петрит Бушати има и 11-годишна новинарска кариера. Тој беше добар познавач на состојбите во соседните земји.

Во понеделник ќе се одржи комеморативна седница и последна почит ќе му биде оддадена во Министертвото за надворешни работи во Тирана. Истиот ден ќе биде и погребот.