Почина Абдурахман Алити

Од:

Почина Абдурахман Алити, македонски политичар, пратеник, правник и амбасадор на Македонија во Република Бугарија. По долго боледување, во раните утрински часови, на 68 години почина поранешниот претседател на ПДП, Абдурахман Алити.

Алити важеше за умерен политичар, со јасна визија дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО.

Алити е роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Се вработил во Градскиот совет и подолго време останал на работа во Собранието на Општината во Тетово (1969 – 1988).

Како претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, бил отпуштен од работа.

Бил лидер на ПДП во времето кога беше водечка партија на Албанците во Македонија. На првите демократски парламентарни избори беше избран за член на Парламентот во 1991 година. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), заедно со Тито Петковски од СДСМ и Киро Поповски од СП, бил избран за заменик-претседател во Парламентот.

Во својот богат политички живот, Алити два пати беше избран за пратеник, а потоа беше и македонски амбасадор во Софија, Бугарија.

Беше лидер на ПДП во времето кога таа беше водечка партија на Албанците во Македонија.

Неговиот погреб ќе биде денеска во 17 часот, на селските гробишта во родното Желино.