По повод Илинден, претседателот помилува 58 лица

Од:

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов по повод  Националниот празник на Македонија – 2 Август, помилува 58 лица.

Дваесет осуденици добиле помилување од по 3 месеци, девет од по четири месеци и шест осуденици се ослободуваат од издржување на затворска казна од по половина година.  На листата на претседателот, која е објавена во Службен весник, се најдоа тројца осуденици од Идризово кои се издржуваат затворска казан за убиство. Останатите затвореници кои се помилуваат, се осудени за кражби, разбојништва и измама.