По 50 години, нов водовод во Крњево

Од:

По барање на жителите во Крњево, една од најстарите населби во Центар, општината комплетно го менува водоводот на најдолгата улица во населбата, улицата 171“.

Со ова ќе се надминат долгогодишните проблеми на граѓаните, предизвикани од старата водоводна мрежа, која секојдневно попушташе и им ги поплавуваше имотите и домовите на граѓаните, информираат од општината.

Општина Центар изработи проект за изградба на нов водовод и приклучоци за секоја куќа. Новиот водовод ќе биде во должина од 130 метри, а потоа ќе се реконструира и коловозот на површина од 200 м2.

И овој проект, општина Центар го изведува исклучиво од сопствени средства, а планирано е сите активности да бидат готови за месец дена, велат од Центар.