А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Плевнелиев: Македонија се наоѓа во критичен историски момент

by А1он08/06/2016 - 11:1370
Share0

Македонија се наоѓа во критичен историски момент и одговорноста е на нејзините лидери и политичари, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во интервју за радио „Фокус“.

Добивај вести на вибер

Според бугарскиот претседател, политичарите во Македонија треба да седнат на преговарачка маса, да се откажат од насилства, да завршат со непринципиелното и апсолутно неразбирливото противење по секоја цена и на секој можен начин и треба да излезат на избори, бидејќи изборите се решението на секоја криза.

Плевнелиев, исто така, изрази збунетост како досега политичките лидери во Македонија не покажале желба и можност да се договорат околу организирањето на фер и чесни избори на кои народот ќе каже кој понатаму ќе управува и носи одговорност за нацијата. Тој рече дека од кризата во Македонија корист има група луѓе, кои што не сакаат да си подадат рака, за да може да отворат пат на добри практики, пат на иднина, пат на младите и пат на европските вредности.

– Во однос на Македонија ние сме брат, незаменлив пријател, секогаш сме помагале и ќе продолжиме да помагаме. Од секогаш сме биле загрижени, загрижени сме сега и ќе продолжиме да бидеме загрижени за тоа што се случува таму. Ќе инсистираме на модерен пристап, за ставање крај на погрешните идеологии од минатото, за крај на создавањето вештачки тензии меѓу двата братски народа преку манипулирање на историјата, за нов почеток базиран на европски принципи и вредности.

Очекувам да ги изодиме и последните чекори за потпишување на договорот за добрососедство, што ќе биде потврда за новата фаза во нашите односи, изјави Плевнелиев.

pleneliev
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен