Планинар паднал и се удрил со главата во камен по што починал

Од:

Утрово во 10 часот во СВР -Битола пријавено е дека на патот помеѓу с. Лавци и планинарски дом „Неолица“ С.С. (65) движејќи се по патот се лизнал и удрил во камен со главата, при што од страна на планинарите веднаш по незгодата му била укажана прва помош.

За настанот веднаш била запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување, од каде била испратена екипа за помош но, по пристигнување на местото на несреќата, тие констатирале дека С.С. починал.