Во Здружението на пензионери во Велес, синоќа околу 20 часот, 27-годишен пијан маж зел мал кујнски нож и почнал да вика на висок тон и да им се заканува на неговиот татко И.Ј. (58) и на неговата мајка В.Ј. (52). Потоа почнал да му се заканува по живот и на Г.Т. (41), држејќи го ножот во рака.ж
При обидот да го спречи, нападнал и полицаец и му нанел расекотина на носот.
Откако го привеле, затоа што се одесувал агресивно, бил пренесен на Нервното одделение во велешката болница.