А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Петта Розова прошетка – кампања за борба против рак на дојка

by А1он08/06/2013 - 09:4264
Share0

На плоштад „Македонија“ вечер од 18 часот ќе се одржува петтата кампања за борба против рак на дојка „Напред розово“, што ја организира здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со здружението „Интегритет Алфа и Омега“ и Амбасадата на САД во Македонија.

Добивај вести на вибер

Централниот настан од годинашната кампања, насловена „Напред розово 2013 – чекори против ракот на дојка“, ќе опфати прошетка низ центарот на Скопје со повеќе од 1.500 учесници, по која ќе следува музички хепенинг со настап на жени диџеи.

– Пешачејќи три километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка, соопшти „Борка“.
На настанот ќе присуствуваат и министерот за здравство Никола Тодоров и американскиот амбасадор Пол Волерс.

Како и во минатите години преку продажба на розови производи (маици, алки и други предмети) ќе се собираат средства за реализација на годишните активности на здружението „Борка“ – обезбедување психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на Kлиниката за онкологија и торакална хирургија од волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС-линија за помош и поддршка…

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен