Петров: Промената на државното име е кривично дело „велепредавсво”

Од:

 

Под мотото„Стоп на разговорите за државното име“ и „Стоп на грчкиот геноцид врз Македонците“, во Tрново се одржа 41-та Светска македонска средба.

Пред претставници од Владата и од Собранието,  претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров,   побара  безусловен  и итен прекин на преговорите за името на државата.

„Доколку антимакедонизмот на Атина и грчкиот геноцид врз македонскиот народ  и   се предмет за солидарност на Брисел и Стразбур со Хеленската Република, Македонците го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО. Покрај  евроатланските ги претпочитаме евроазиските интеграции“, рече  Тодор Петров.

„Нека секому биде јасно дека ќе ги победиме неоврховистите, одродниците, велепредавниците, платениците и квинслинзите. Народот никогаш повеќе нема да им даде власт на тие кои заговараат промена на државното име и поделба на Македонија. Македонската историја се пишува во Македонија и ја пиштуваат Македонци на македонски јазик. Промената на државното име е кривично дело “велепредавсво”. Кој мисли дека може тоа да го направи, само нека проба. Гемиџиите не биле Индијанци, туку Македонци“, рече Петров.

„Изразуваме безрезервна поддршка на Владата на премиерот Никола Груевски по барањата за враќање на државјанствата и имотите на насилно прогонетите Македонци од беломорскиот дел на Македонија и за почитување на граѓанските права”, рече Иван Џо Петревски од Матицата на иселениците.