„И покрај нашите постојани укажувања на ДПМНЕ, за погрешната адреса на која ги одржуваат пресовите, тие и понатаму продолжуваат со аматерски грешки да ја водат кампањата. Денес повторно одржаа прес на охридското пристаниште, место пресот да го одржат пред Министерството за транспорт и врски или пак пред Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
– Имено, наместо да ветуваат лажни проекти, или пак на празно да критикуваат, треба да се запрашаат зошто езерото кое е под нивна надлежност денес се наоѓа во ваква очајна состојба. Сите го гледате овој отпад кој го исфрла езерото.
– Покрај другото се уште се свежи сеќавањата кај граѓаните за нивниот неуспешен модел на доделување на плажите под концесија, која тенденциозно и на многу поинаков начин беше спроведена во соседниот град Струга, каде плажите беа доделени на локалната самоуправа.Охриѓани се сведоци на лошата безбедносна состојба на капачите и пловните објекти за време на летниот период во езерото.
– Од друга страна, ние како локална власт ги прашуваме за што ги потрошија околу 7 милиони евра кои беа обезбедени за заштита на езерото и зошто никако да ги видиме позитивните ефекти од големиот број на проекти со кои се фалат нивните советници, кои се однесуваат на заштита на Охридското Езеро?
– Граѓаните на Охрид оддамна видоа како ДПМНЕ се однесува со она што е во нивна надлежност, и тоа не е само Езерото, видоа како се однесуваат со магистралните патишта, видоа како се однесуваат со здравствените установи и што уште не.Тие во овој град немаат дела. Нивниот слоган треба да е избери злодела. Судот на ѓраѓаните ќе ги стигне. Нивниот начин на однесување со бегањето од одговорност не прилега нити на деца од градинка.
– За крај, заради огромниот број погрешни локации на пресовите, јас како Градоначалник и Советничката листа Сојуз за иднината, со цел полесна ориентација на политичкиот противник за тоа каде да ги држи пресовите, решивме да им донираме “НАВИГАТОР”, кој може да си го подигнат во нашиот изборен штаб“, изјави градоначал
.