Петнаесетина повредени во сообраќајка кај Штип

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Штип – Велес кај штипската приградска населба Три чешми во близина на бензинската пумпа на Макпетрол, во која според првичните сознанија се повредени петнаесетина лица.

Како што јави диписникот на МИА од Штип, во сообраќајката учествувале минибус и автомобил. Повредените се пренесени во штипската клиничка болница. На местото на настанот се полициски екипи кои вршат увид и ги утврдуваат причините за несреќата.

Сообраќајот во тој дел на источната магистрала е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку стариот пат од Три чешми до Штип.