На 18.02.2018 година во 00,35 часот на автопатот Скопје-Тетово, А.Е.(45) од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „Рено“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Џ.(71), која е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за понатамошно лекување, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците М.Е. (42) и две деца на возраст од 13 и 15 години. Извршен е увид на местото на настанот.
