Пендаровски во водство пред Сиљановска – први резултати од изборите

Од:

Од обработени над 34 отсто од гласовите од избирачките места, според веб-страницата на ДИК, кандидатот за претседател Стево Пендаровски засега е во водство пред Гордана Сиљановска Давкова со над 36 илјади гласови.

Според досегашните податоци, Пендаровски има освоено 57,67 отсто од гласовите (110.728), Сиљановска 38,92 отсто (74.722), а има и 6.538 неважечки ливчиња.

Од Државната изборна комисија велат дека овојпат броењето на гласовите ќе оди побрзо бидејќи податоците се испраќаат електронски.

Наредната прес-конференција на ДИК се очекува околу 22 часот кога ќе бидат и официјално соопштени првичните резултати од преброените гласови.