Пендаровски во Струга: Македонија сега е безбедна и стабилна држава, а вратите кон ЕУ и НАТО се отворени

Од:

Да се сплотиме околу концептот што води напред и обезбедува иднина во едно општество за сите, во држава интегрирана во ЕУ и НАТО, порача денеска во Струга, Пендаровски.

– Вашата општината е држава во мало, има долга традиција на живење на различни вери, етнички заедници, но соживотот бил секогаш по мерка и за мерка. И во најтешките времиња вие сте знаеле да живеете заедно и да не ги делите луѓето. Два дена пред пред гласањето, ви велам дека јас токму така ја замислувам нашата земја. Како едно општество за сите, држава интегрирана во ЕУ и НАТО, порача Пендаровски.

Пред присутните, Пендаровски порача дека на 21 април и 5 мај, граѓаните гласаат за потврда на реформите, развојот, на напредокот во евроинтеграциите што обезбедува повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисок животен стандард за сите граѓани. Македонија сега е безбедна и стабилна држава, а вратите кон ЕУ и НАТО се отворени.

Другата опција, порача Пендаровски, не нуди ништо, и единствено што сака е само да дојде на власт, за повторно да ја врати државата во темното минато на изолација и поделби.

– Масовно да гласаме за број три, да продолжиме сите заедно напред за мултиетничка, демократска и богата држава“, повика Пендаровски.