Пендаровски: Сиљановска води политика како излезена од некој музеј

Од:

Македонија е изградена на принципите на слога и единство и отсекогаш била и ќе биде мултиетничка држава во која сите треба да имаат исти права, се обрати денеска Пендаровски пред борците.

Внатрешната кохезија и слогата, порача Пендаровски, се клучот за целосен развој и укажа дека
другиот табор признава само една фамилија, фаворизира една партија и една етничка заедница.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, води националистичка и анахрона политика, политика како излезена од некој музеј од 19 или 20 век. Велат, ако победи Сиљановска ќе  ги поништат договорите со Бугарија и Грција, ќе го укинат Законот за јазици а тоа ќе значи нови блокади, нови поделби и тензии. Тогаш се враќаме назад, нема напредок, нема ни НАТО ни ЕУ.

Со географската додавка од името не изгубивме ништо и од македонштината, ние сме Македонци,
нашиот јазик е македонски,  рече Пендаровски.

Пендаровски повика на масовна излезност на 5 мај за да се стави конечен крај на груевизмот и
неговите остатоци, а државата да продолжи кон интеграција во ЕУ и НАТО, каде вредносно и
цивилизациски припаѓа.