Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, освои повеќе гласови од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, во десет општини, покажуват последните резултати на Државната изборна комисија, според процесуирани 99,91 отсто од гласовите.
Според податоците од ДИК, Пендаровски го победи Иванов во општините Струга, Пласница, Долнени, Студеничани, Арачиново, Сарај, Карпош, Центар, Чучер-Сандево и во Липково.
Тесна е трката во Гостивар, каде Иванов освоил 10.579, а Пендаровски – 9.777 гласови, во Маврово-Ростуша Иванов освоил 1.827, Пендаровски – 1.677 гласа, во Куманово за Иванов 22.897 гласа, за Пендаровски – 22.505. Во Богданци резултатот е 2.866 за Иванов, 2.191 за Пендаровски, во Делчево Иванов освоил 5.517, Пендаровски 4.256 гласови. Во Крушево за Иванов гласале 3.519, за Пендаровски 2.232 граѓани, во Липково за Иванов 589, за Пендаровски 580 гласа. Во Желино Иванов освои 1.163, а Пендаровски 856 гласа, во Врапчиште – Иванов 2.320, Пендаровски – 2.134 гласа, во Дебар за Иванов гласале 1.944, а за Пендаровски 1.558 граѓани, во Дебарца за Иванов 1.762, а за Пендаровски 1.401 глас.
Од поголемите градови резултатот е следен: во Битола за Иванов гласале 28.770 граѓани, а за Пендаровски 23.876, во Прилеп Иванов освои 26.505, Пендаровски – 19.083, во Струмица за Иванов 17.788, за Пендаровски – 15.993, во Гевгелија за Иванов 8.991, за Пендаровски – 6.208, во Охрид за Иванов гласале 19.481, а за Пендаровски 13.185 граѓани. Во Кичево Иванов освои 10.347, наспроти Пендаровски, кој освои 5.492 гласа, во Тетово Иванов освои 13.538, а Пендаровски – 9.520 гласа. Во Македонски Брод за Иванов гласале 2.496, а за Пендаровски – 1.549 лица, во Велес Иванов победи со 19.702 гласа, наспроти Пендаровски со 11.213 гласа. Во Штип Иванов освои 17.436 гласа, а Пендаровски – 11.181, и во Крива Паланка Иванов победи со 7.891 глас, наспроти Пендаровски, кој овде освои 5.021 глас.