(ВИДЕО) Пендаровски: Гласот за Мицкоски е глас за меѓународниот апаш од Будимпешта

Од:

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, утрово одржа средба со пензионерите пред Домот на АРМ во Скопје.

Пендаровски пред присутните рече дека изборот на 21 април и 5 мај не е само избор за претседател, туку за избор на дијаметрално различен концепт од оној на ВМРО-ДПМНЕ.

„На 21 и 5 мај нема да решаваме дали само Стево ќе биде претседател или некој друг, туку ќе решаваме за концепт”, рече претседателскиот кандидат.

„Дека ќе се постигне подобар договор, тоа се детски приказни кои ни на внуците не им кажувате. Подобар договор од овој здравје”, рече Пендаровски.

Тој им кажа на пензионерите дека според најновите податоци на Светска банка, повеќе луѓе се иселиле за време на Груевски, отколку по осамостојувањето на државата и дека главната цел на ВМРО-ДПМНЕ е да дојде на власт и, како што рече, да ги малтретира граѓаните.

„Да не се залажуваме. Гласот за Силјановска е де факто глас за трет мандат на Ѓорѓи Иванов. Гласот утре задутре на парламентарни избори за Мицкоски е во суштина глас за продолжување на мандатот на овој меѓународниот апаш што избега во Будимпешта со нашите пари и ни дели лекции”, рече Пендаровски.

Васко Маглешов