Педофилот од Битола им давал пари на децата и ги силувал

Од:

Педофилот од Битола кој силуваше три малолетни девојчиња, им давал пари и ги терал на блудни дејствија, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Битола.

Шеесетгодишниот педофил ги силувал трите девојчиња, две сестри и нивна другарка во периодот од 5-ти до 10-ти октомври. Ги зел трите девојчиња кои играле кај лулашките во градскиот парк во Битола, ги викнал и ги однел надвор од градот во околно битолско село и врз сите три извршил полово дејствие.

Против педофилот е поднесена кривична пријава за полов напад на дете кое не наполнило 14 години и му е одреден притвор во траење од 30 дена.