Иако патувањето е завршено, епизодите на Petzl RocTrip се откриваат капка по капка. Последната трета епизода откриена деновиве ја претставува Македонија, поточно регионот на Прилеп каде престојуваа од 25 до 28 септември.
Секоја година избираат една дестинација за своите атлети. Годинава, мини-бусот со атлетите помина низ Источна Европа, од провалија до природен блок. По патот нив им се приклучија и аматери, кои беа воведени во овај спорт од професионалци.
Погледнете го видеото од нивниот престој во Прилеп.
