А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Патуваме во Европа: Уште 7 дена до затворање на конкурсот

by А1он23/06/2015 - 15:1587
Share0

Остана уште само една недела за пријавување на студентите за конкурсот „Патуваме во Европа 2015“. Она што некогаш беше далечно и недостижно, на дванаесет студенти од Македонија ова лето повторно ќе им е на дофат на рака. Осма година по ред преку проектот „Патуваме во Европа“ 12 студенти од Македонија ќе добијат уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја. Конкурсот е отворен за студенти кои се во завршна година на студирање и кои имаат желба за патување, нови авантури и нови познанства.

Следете a1on на Instagram Instagram

Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој 22 дена ќе патува низ Европа можат да ги поднесат своите апликации до 30 јуни. Право да аплицираат имаат студенти во завршна година на студирање или апсолвенти, кои имаат просечна оценка поголема од 8,0 во текот на студирањето. При селекцијата предност имаат оние студенти кои до сега немале можност да ја прошетаат Европа. Аплицирањето е електронски, а формуларите и сите информации за проектот се достапни на интернет страната на проектот www.patvoevropa.org.mk.

Од реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта за неограничено патување со воз, ISIC картичка од Аурора Турс, патничко осигурување и дел од средствата кои ќе им бидат потребни за патувањето, на платежна картичка, донирани од страна на Тутунска Банка. Дополнително, за сите студенти кои ќе патуваат, донаторот Robert Bosch Stiftung организира фестивал во Берлин, на 29 и 30 јули, после кој секој студент самостојно ќе го продолжи своето Европско патешествие.

Целта на овој проект е 12 студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија. „Патуваме во Европа” последните осум години е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово.

Следете a1on на Youtube YouTube
patuvame
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто