Воз на Македонски Железници кој од Скопје за Кочани тргна во 16:40 морал да застане откако му откажале моторите.
Во возот има дваесетина патници, кои за „А1он“ и „Макфакс“ тврдат дека биле оставени на милост и немилост на високите температури.

Патниците околу 1 час чекале да се изладат моторите за да продолжат со патувањето, во близина на железничката постојка „Браќа Кошулчеви“ кај Велес.
