Партиските лидери на средба, возможен е конечен договор

Од:

Претседателите на политичките партии денеска ќе се сретнат во Клуб на пратеници по разговорите на работните групи кои ги договараат финесите од имплементација на договорот во Пржино.

Партиските лидери треба да се сретнат во 16:30 часот, поради што постојат големи очекувања дека конечно ќе се постигне договор за отворените прашања.

Според извори од внатре остануваат незатворени уште законот за владата и законот за прислушуваните разговори.

Веќе се усогласени ставовите за анкетната комисија, изборната регулатива и законот за т.н. свиркачи.

Извори велат дека партиите конечно се согласиле министрите предложени од опозициијата да имаат моќ на одлучување. Овие министри ќе имаат право на кадровски промени, но за секој нов кадар владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе постави заменик кој ќе ја надглевува неговата работа.

Замениците министри ќе имаат право на вето за прашања поврзани од изборите, доколку има кофликт меѓу министерот и заменик министерот, последниот збор ќе го има ДИК.

Што се однесува до законот за бомбите договорено е да не се однесува на веќе објавените материјали. Законот нема да ги опфати оние разговори помеѓу политичари, без разлика дали се разговорите приватни, затоа што ќе се третираат како разговори од јавен интерес. Законот ќе ги опфати само приватните раговори меѓу приватни лица. Освен тоа нема да бидат предвидени казни за новинарите, туку само за медиумите како правни субјекти.

Законот за т.н. свиркачи пак ќе биде изработен според меѓународната пракса.

Маја Васева