Паника во камповите – дали повторно ќе поскапат возовите за бегалците?

Од:

Волонтерите кои им помагаат на бегалците во камповите, потврдуваат дека на големо се зборува и се шири страв дека билетите што Македонски железници им ги наплаќа на бегалците повторно ќе поскапат.

Вчера цел ден немало воз за бегалците и до 18 часот воопшто не тргнал од Гевгелија.

Билетот за воз од Гевгелија до Табановце прво чинеше 350 денари и важеше еден месец, потоа беше поскапен на 600 денари, а од средината на септември, Железница им наплаќа на бегалците 25 евра за еден билет. Очевидци од невладините кажуваат дека вакава сума се наплаќа дури и за мали деца, на возраст меѓу 3 до 5 години.

12200425_10208087624923610_1296602289_n

Невладините алармираат дека се профитира од маката на бегалците, дека државата треба да изврши надзор на финансиското работење на Македонски железници и да се испита законитоста на наплаќањето полна цена на билетот, која е повисока отколку за домашните патници, дури и за малолетници под 7 години.

Членови на хуманитарните организации што се секојдневно во камповите, сведочат дека на бегалците не им се издавало фискална сметка и дека Железница наплаќа во евра.

И извештајот на Хелсиншки комитет за човекови права, укажува на кршење на законите:

„На билетарницата не се издаваат фискални сметки, па често се забележуваат манипулации од страна на кондуктерите при наплаќање на билетите. Во конкретен случај, кондуктер бил спремен да наплати точно 100 долари за само два билети за воз. Некои од бегалците, доколку немаат пари во соодветна валута (евра) се принудени да платат повисока цена на билетите заради решеноста да се качат на возот“, стои во извештајот.

По овие информации се поставува прашањето каде навистина одат парите и се отвараат сомнежи за криминал во кој се вмешани и службени лица.

gevgelijamigranti

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски ја правдаше одлуката за поскапување на билетите со зголемувањето на трошоците на Железницата за превозот на бегалците, а истото го велат и од Железници, додавајќи дека не се хуманитарна организација

„Ние не можеме да бидеме хуманитарна организација, да ги возиме бегалците гратис, а да трпиме загуби. Ако има некоја организација која ќе ги покрива трошоците тогаш да, нема да имаме никаков проблем, но вака не. Сите само реагираат, но никој не сака да преземе одговорност. Затоа ние бевме принудени да ги прилагодиме цените на билетите на трошоците. Одлуката која ја донесовме беше одобрена и од Владата. Обичните билети се формирани за редовни услови, редовен сообраќај и за меѓунартодемн превоз чинат 15 евра. Но сега тоа не е така, транспортот е вонреден, имаме ангажирано вработени, вонредни возови кои сообраќаат во дел и празни. Сите трошоци за струја, одржување, чистење, сервисирање ги плаќаме сами и затоа се такви цените кои се формирани да ги покријат трошоците но не и да ни донесат екстра заработка. Воведовме и строг систем на контрола на билетите кои се продаваат на посебен пункт. Нумерирани се и нема никаква можност за злоупотреби. Сите пари од продажбата завршуваат во компанијата “, изјави за Дојче веле, Кире Диманоски од Македонски железници АД Транспорт.

До крајот на работното време не добивме информацијаод Македонски железници дали планираат повторно зголемување на цената на билетите за бегалците.

А.Б.