Пандов: #Протестирам се платеници

Од:

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва пред седиштето на СДСМ повторно организира протест во знак на незадоволство од одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да се аболицираат претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч”, Зоран Верушевски.

„Тие се луѓе платеници, платени од Сорос, УСАИД да ја плукаат Македонија. Не сме им дозволиле, нема ни да им дозволиме. Единствен начин да се дојде на власт со пенкало. Тука сме да им дадеме поддршка на Владата и на претседателот Иванов“, изјави Александар Пандов пред седиштето на СДСМ каде се одржува протест во организација на ГДОМ.