Управниот суд денеска одлучува по приговорите на ВМРО – ДПМНЕ за Струга и Центар.
ВМРО – ДПМНЕ до управниот суд поднеле и осум тужби на одлуките на ДИК за Струга и 34 тужби за општина Центар.
Државната изборна комисија ги одби сите приговори на партијата за општина Центар, каде повеќе гласа освои кандидатот на Сојузот за иднината, Андреј Жерновски.
Управниот суд досега одби 26 тужби, што ги поднесе ВМРО – ДПМНЕ за гласањето во Куманово.
Одбиени се и четирите тужби на ДУИ за општина Студеничани, каде победи кандидатот на ДПА.