Неколку новинарски екипи заминаа да го снимаат објектот кој беше фотографиран од истражителот на Катица Јанева, а поради што беше приведен во полициската станица Беко. Приведувањето беше направено откако обезбедувањето на објектот го пријавило истражителот во полиција но и во Основното јавно обвинителство, по што бил приведен да даде изјава. Се уште не е јасно зошто Основото јавно обвинителство смета дека е забрането снимањето на овој објект.
Откако пристигнаа медиумите, чуварот телефонираше и веднаш се појави обезбедување од СГС, по што новинарите заминаа. Тие ги следеа двата автомобили со кои дојдоа новинарите и во текот на возењето ги запишаа регистерските таблички.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференцијата пред полноќ, кажа дека истражителот на СЈО е приведен поради тоа што “фотографирал објект на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков“.