Отворен Центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар во Скопје

Од:

Во Скопје денеска се отвори Центар за сензорна терапија за деца со аутистичен спектар на нарушувања кој што отвора нови можности и перспективи за децата со аутизам и нивните родители. Имено, центарот кој што е дел од здружението „Во мојот свет“ во населбата Аеродром е отворен со финансиска помош на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија.

Успешната реализација на ваквиот капацитет е поткрепена и со донации од бизнис заедницата, преку донација на два телевизори со кое што се овозможува секое дете да се чувствува комфорно и опкружено со позитивна енергија.