ВИДЕО: Отворен аква паркот во Скопје

Од:

Граѓаните на Скопје од денеска ќе можат да се разладуваат, забавуваат и рекреираат во првиот аква парк во главниот град. Аква паркот официјално беше отворен во присуство на премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

– Уште еднаш се докажа дека ако се има силна волја, ако се сака може да се направат големи дела. За само неколку месеци го изградивме Аква паркот за кој се зборуваше со години, за само неколку месеци она што во минатото се гледаше во другите земји денеска го имаме и во главниот град на Република Македонија. Голем и атрактиевн аква парк, истакна премиер Груевски.

Во новата летна атракција во Скопје ќе работат 35 спасители. Покрај 34 лиценцирани спасувачи кои завршија обука, еден ќе биде преземен од Матка. Аква паркот ќе овозможи и 40 нови работни места, за лица кои ќе бидат ангаќирани во угостителските објекти, три кафе-барови и еден ресторан. Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош.


Во изминативе денови се вршеше тестирање на опремата со која располага Аква паркот, лоциран на северната страна на  спортскиот центар, веднаш зад хотелот „Александар Палас“.