Отпорот во Кавадарци: На социјалците исклучуваат струја, а штабот на ВМРО-ДПМНЕ го заборавија

Од:

Опозиционери и корисници на социјална помош, незадоволни од термините за исплатата на помошта и на субвенциите за затоплување, денеска го блокираа Центарот за социјални работи во Кавадарци, јави „Дума“.

„Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски не лаже и кажува дека ќе ни го покачи социјалното за 5 отсто. Тоа се 50 денари месечно, доволни да си купиме 5 јајца или една табла за една година. Лажат и за субвенциите за струја. Немаме земено по овој основ пари за цела 2012 година. Лажат и се рекламираат дека ги помагаат сиромашните, а тоа воопшто не го прават – рече Васко Камчев за „Дума“.

Тој запраша зошто на социјалците за две-три неплатени сметки ЕВН им ја исклучувала струјата, а се толерирале огромни долгови на партиски штабови.