А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Откупот на тутунот во Делчевско почна, просечната цена 186 денари

by А1он28/11/2016 - 16:1851
Share0

Откупот на тутунот во Пијанец стартува без проблеми, а просечната цена на првиот ден од преземањето е 186 денари за килограм.

Добивај вести на вибер

Според раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Блаже Костадиновски, на територијата на Делчево откупуваат три фирми: Далија табак, Соко таб и Алијанс Лан кои имаат потпишано вкупно 60 договори за откуп на тутунот.

– Годинава тутунот е посаден на 14,2 хектари и се очекува да се откупат околу 25 тони тутун. Традиционално тука се произведуваат сортите Прилеп и Јака, рече Костадиновски.

Цената за прва класа е 274 денари, за втора 192, за трета 142, а за четврта 54 денари. Дополнителните класи се со цена од 85, односно 46 денари за килограм.

– За секој продаден килограм тутун, тутунопроизводителите добиваат и по едно евро субвенции од државата, така што годинава има зголемени откупни цени кои мислам дека ќе им одговараат на тутунопроизводителите, додаде Костадиновски.

Тутунарите од Делчевско велат дека годинава квалитетот на тутунот е добар, но поради сушата и градот што зафати одредени подрачја ќе има намалени количини. 

Во споредба со минатата година во Пијанец се очекуваат околу 15 отсто помалку тутун.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен