А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Откупени повеќе од 14.500 тони тутун, просечната цена 192 денара

by А1он04/01/2017 - 13:3689
Share0

Вкупно 14.588 тони тутун од годинашната реколта се откупени до денеска, а просечната цена е 192,08 денари по килограм, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Добивај вести на вибер

Деветте компании за месец и половина или од почетокот на откупот, 15 ноември, презеле 75 отсто од очекуваните количини. Исплатата е реализирана 93 проценти, на тутунарите им се префрлени 2,612 милијарди денари.

– Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 252 денара за килограм, информира МЗШВ. 

Според првичните проценки, во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор  потпишаа 10 претпријатија, од кои девет го исполнија условот за откуп – заклучно со 15 декември доставија банкарска гаранција дека обезбедиле средства за таа намена.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен