Откриени 18 мигранти на патот Куманово – Свети Николе

Од:

Осумнаесет мигранти биле откриени во возило на патот Куманово – Свети Николе, кај Искрин мост.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Ј.П.(36) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

На 16. овој месец во 23,40 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај Искрин мост, од страна на полициски службеници било пронајдено патничко возило „фиат скудо“, сопственост на лице од Струмица во кое имало 18 мигранти.