Откриен споменикот на Александар Македонски во Аеродром

Од:

По повод првиот патронат на ОУ „Александар Македонски“, денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски го открија споменикот на Александар Македонски.

Споменикот, кој е висок три метри, е донација од скулпторката Валентина Стефановска.

Министерот Ристовски на сите ученици им го честита завршувањето на учебната година и им посака добри оценки и летен одмор. Ристовски им посака успех и на оние ученици кои се во процес на запишување.

Коневски информира дека во моментов хортикултурно се уредува дворот на училиштето, инвестиција вредна седум милиони денари. Се очекува до септември училишниот двор да биде целосно завршен.