Откажани и пренасочени летови од скопскиот аеродром

Од:

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ поради големата магла откажа неколку летови, а дел ги пренасочи на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Поради густа магла, од синоќа два лета во пристигнување, кои требало да слетаат на скопскиот аеродром се пренасочени кон аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Исто така, лета во кои биле планирани од скопскиот аеродром се пренасочени кон охридскиот аеродром.

Според податоците од интернет страницата на „ТАВ“, два лета во пристигнувања беа откажани, додека за заминување биле откажани три.

Летот за Бергамо, закажан за 11.45, според информациите на сајтот, се реализирал со мало задоцнување.

Густата магла на скопскиот аеродром, која ја намали видливоста до 200 метри, беше причина за одложено слетување на авионот од Истанбул, пренасочување кон Охрид на авионот од Фридрихафен, а неизвесно беше слетувањето на авионите од Рим, Малме, Базел и Брисел.

Засега откажани се полетувањата кон Истанбул и Малме.

Се очекува маглата на скопскиот аеродром да се задржи и во текот на утрешното утро, додека постепено се очекува подобрување на видливоста.

Во текот на вчерашниот ден биле откажани пет полетувања и четири слетувања, а два биле пренасочени на охридскиот аеродром.