Отец Пимен, преку Фејсбук им се обрати на поддржувачите на обвинетите за тероризам за упадот во Собранието на 27 април минатата година.
„Не претерувајте со побожност оти изгледа ја немате или не ја познавате.
Кога барате човечка правда не ја мешајте Божјата“, им порача Отец Пимен.
Тој ова го напиша под сликата на која дел од поддржувачите носат транспаренти на кои пишува:
„Господе прости им не знаат што прават. Доколку можеш?“
Ваквиот став на отецот ги затекна дел од неговите поддржувачи кои му замеруваат дека ја сменил страната и „распалија“ со критики и навреди.
Еден од обвинетите е и Богдан Илиевски-Бетмен Велит, кој до пред апсењето беше близок пријател на Отец Пимен, за што сведочи и фотографијата од неговиот профил.