Осветена црквата во кавадаречкото село Брушани

Од:

Во кавадаречкото село Брушани денеска беше осветена новоизградената црква „Света Недела”.

Драган Ристов, претседател на селската месна заедница и член на Црковниот одбор, се заблагодари на сите кои на каков било начин ја помогнаа изградбата на оваа црква која почна во март 2013 година.

– Ние не застануваме тука. Како и досега, така и отсега, ќе работиме во насока на подобрување на животот за сите оние кои постојано живеат тука или доаѓаат повремено во своите викендички, рече Ристов.

Во присуство на голем број верници, со осветувањето чиноначалствуваше владиката Агатангел, митрополит Повардарски.