Осми ден гори над Струмица, нов пожар кај Групчин

Од:

Осми ден гори над Струмица. Пожарите на ридовите кај регионалниот пат Струмица-Валандово се активни, но засега ситуацијата е под контрола.
Во текот на денешниот ден на овој пожар два пати интервенираа авиони – канадери на ДЗС.
Активен пожар има и над село Групчин-Општина Желино. Пожарот е избувнат како последица на запалено стрниште од пожнеана пченица и е проширен кон блиската шума, а поради ветерот истиот брзо е проширен на површина од околу 5.000 метри квадратни. Зафатена е нискостеблеста деградирана шума. Во моментов, соопштува ЦУК, интервенирааат екипи од ТППЕ-Тетово со 5 пожарникари, Шумското стопанство и лица од локалното население.
Активен пожар има и во реонот на село Горно Јаболчиште месност викана „Сипочан“. Со пожарот е зафатена паша и смрека, а за интервенција на пожарот ќе бидат ангажирани 6 лица со едно теренско возило од ШС „Бабуна“.
Изгаснат е пожарот помеѓу селата Љубојно и Долно Дупени кој зафати околу 20 хектари сува трева, смрека и ниска дабова шума.