Недозволиво е народните избраници од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ се уште да ја вршат функцијата на министри, тврди професорот по уставно право, Осман Кадриу за 24 Вести.
-Сите фунционери со денот кога е извршена верификација на нивните мандати како пратеници во Парламентот, не само што е неспоиво туку е и апсолутно недозволиво да ги извршуваат функциите што ги извршувале до денот кога се верификувале нивните мандати, поточно од денот кога тие ги примиле уверенијата од Државната изборна комисија дека се избрани за конкретни пратенички функции, вели Кадриу.