Во селото Казандол ќе биде изградена нова училишна зграда на подрачното основно училиште „Цветан Димов“.
За таа цел денеска градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и програмскиот координатор на „Тика“, Ајтекин Ајден потпишаа договор за соработка.
Според информациите од општина Валандиво, целта на договорот е изградба на училишна зграда, гарантирање безбедни и современи услови за вршење на образовниот процес и вложување во рамноправноста и инклузивноста на дечињата од турска етничка припадност во општината.
