Општина Струмица ја промовираше Стратегијата за родова еднаквост

Од:

Општина Струмица на денешната тркалезна маса ја промовираше Стратегијата за родова еднаквост 2017-2010, која почива на четири стратешки постулати – економско јакнење на жената, родово одговорно образование, спречување на родово базирано насилство и зголемување на одлучувачката позиција на жената во општеството.

– Општина Струмица е една од десетте пилот општини вклучени во проектот на УН воман. Целта е да се зајакнат досегашните напори и достигнувања во полето на родовата еднаквост, како и креирање на родово одговорен буџет и политики. Визијата во стратегијата преку проектни активности од Акцискиот план ќе биде општина Струмица да биде инклузивна, фер, безбедна и со почит кон сите граѓани, која ја афирмира родовата еднаквост и квалитетен живот на сите, рече Нела Масалковска од одделението за локален економски развој.

Стратегијата е поддржана од УН воман – тело на ОН за зајакнување на родовата рамноправност и на улогата на жената во општеството. Документот го изготви работна група составена од координаторот на Комисијата за еднакви можности, невладиниот сектор, општинската администрација и други заинтересирани граѓани.