Општина Центар: Смешни се тврдењата на Богдановски, дека ситуацијата во КК Работнички е страотна

Од:

Смешни се тврдењата на советникот Богдановски, дека ситуацијата во КК Работнички е страотна. Откога е дојдена новата власт во Општина Центар, значително се зголемени средствата кои се одвојуваат за најтрофејниот македонски кошаркарски бренд.

За 2017 година, Општина Центар одвои 19 милиони за КК Работнички. Во 2013 година, раководството на ВМРО ДПМНЕ издвоило смешни 7,5 милиони денари или три пати помалку средства. Но, каква е ситуацијата во клубот говорат и резултатите. Работнички на полусезона е прв, со само еден пораз. Ако зборуваме за изминатите три години, веднаш во првата сезона по доаѓањето на новото раководство во Центар, Работнички играше во финалето на плејофот, а наредната година го освои и Купот на Македонија.

Во времето на ВМРО ДПМНЕ, клубот беше на дното на табелата и се бореше за опстанок заради лошиот менаџмент.

Од кога е дојдена новата власт во Центар, играчите на Работнички ја имаат најдобрата опрема и сите услови за професионално тренирање, теретани и спа центри. Која е разликата од 2013 та па се’ до денес говори и фактот што најтрофејниот клуб денеска има школо со над 300 младински кошаркари предводени од легендата Тодор Гечевски.
За разлика од денес, во 2013 та имаше 0 деца. Дополнително, децата кои тренирале претходно биле принудувани своите членарини да ги уплаќаат на рака, што е само по себе кримининал кој власта на ВМРО ДПМНЕ никогаш не го истражи. Денеска во КК Работнички повторно им се дава шанса на млади и талентирани кошаркари а од Работнички повторно ќе излегуваат најдобрите македонски кошаркари.

Да ја потсетиме јавноста и претставниците на ВМРО ДПМНЕ, во какви услови тие го оставија клубот и што наследи новото раководство во 2013 година. Во Градски парк беа исечени сите цевки за парно, па новата управа прво мораше да го решава и го реши проблемот со греењето. Заради ненаплатени долгови ЕВН сакаше да ја исклучи и струјата, но новото раководство го реши и тој проблем. Грижата на ВМРО ДПМНЕ отишла до таму, што ги украле и витрините каде што стоеле пехарите и сите титули на КК Работнички. Самите пахари освоени од клубот биле користени како саксии за цвеќе и ова не е шега. Ова, новото раководство го начека во просториите на клубот.

Затоа ги повикуваме претставниците на ВМРО ДПМНЕ да престанат да ја лажат јавноста за состојбите во Работнички. Клубот функционира одлично а за тоа говорат најдобро резултатите.